октомври 25, 2024

Состојбата на културно-историските споменици и археолошки локалитети во Охрид е загрижувачка

Денес со в.д. директорот на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Пaтчев остваривме работен состанок во Општина Охрид со градоначалникот Кирил Пецаков со цел да изнајдеме решение за продолжување на имплементацијата на проектите кој досега биле целосно блокирани. На состанокот стана збор за отпочнување со изработка на 19 детални урбанистички планови во старото градско јадро, а беше потенцирано дека Комисија за Управување со светско природно и културно наследство во Охридскиот регион, која е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање не е во функција, односно од јануари до денес е одржан само конститутивен состанок.

Негрижата во изминативе години може да остави трајни последици врз културно-историските споменици и археолошки локалитети во Охрид, е заклучокот од денешната посета на Плаошник еден од најзначајните културни простори во Македонија. Поради досегашната скромна финансиска поддршка неопходно е да се обезбедат средства за изработка на Проект за конзерваторско – реставраторски работи и партерно уредување на целиот археолошки локалитет, и интензивно да продолжат градежните активности на објектите кај кои веќе е забележана штета.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK