октомври 25, 2024

Две малолетни момчиња и две девојчиња на возраст од 14-17 години, попладнево се пронајдени во куќа во Скопје во безсознание и со повреди на телата. Пренесени се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Две деца се во добра здравствена состојба, другите две се испратени на дополнителни иследувања, изјави за Телма директорот на Токсикологија професор д-р Андон Чибишев.

„На Универзитетската клиника за токсикологија се донесени 4 малолетни деца во исклучително тешка општа здравствена состојба. Се работи за малолетници на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски. Веднаш се опсервирани од нашата дежурна екипа и почнато е со соодветна терапија и клинички испитувања. Примени се во Одделот за интензивна нега и лекување. Две од децата се до сега прилично стабилизирани, затоа што биле и со пореметена свет, сите четворица, а другите две деца се пратени на дополнителни иследувања, кои што сѐ уште траат и не се завршени. Имаат повреди по рацете и нозете. На две од децата се прават клинички испитувања за да видиме да не имаат посериозни повреди на главата, на граден кош, на стомакот. Тие резултати не се готови“, изјави д-р Чибишев.

Според Министерството за внатрешни работи, денеска полициски службеници од СВР Скопје по пријава за нарушен јавен ред и мир утврдиле дека во куќата на 40-годишниот Д.Г. имало четири деца од кои две биле во бессознание под дејство на алкохол и психотропни супстанци. На терен е излезен и јавен обвинител.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK