октомври 25, 2024

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва во објава на Фејсбук информира дека дознал за случајот со претепаното тримесечно бебе на Клиниката за детски болести, за кој првично објави порталот „Икс“.

Семејството на бебето, како што додава Таравари, а како што и претходно објави медиумот, се сомнева дека детето било нападнато по вербална расправија со медицинските сестри за време на приемот во болницата.

Наводно, расправијата се случила бидејќи мајката на детето не знаела да комуницира на македонски јазик.

„Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети“, пишува Таравари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK