октомври 25, 2024

Џејдон Санчо (24) се врати во Манчестер јунајтед. Англискиот крилен напаѓач разговарал со тренерот Ерик тен Хаг и тие го решиле неспгласувањата меѓу нив. Санчо на почетокот на минатата сезона беше исфрлен од тимот. Санчо и Тен Хаг решија да заборават на се што се случи и ќе ја продолжат соработката, што значи дека фудбалерот ќе биде дел од тимот за време на подготовките.

Да потсетиме, Тен Хаг го критикуваше Санчо во септември 2023 година по поразот од Арсенал, велејќи дека не тренирал добро пред натпреварот.

Тоа не му се допадна на Санчо, па тој одговори: „Ве молам, не верувајте во се што ќе прочитате. Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи кои се целосно невистинити. Многу добро работев на тренинзите оваа недела и верувам нешто друго е причина за оваа одлука на тренерот“.

Санчо беше исфрлен од тимот и оттогаш нема играно за Јунајтед, но зимата замина во Борусија Дортмунд. Токму од Дортмунд за 85 милиони евра, Санчо во 2021 година се пресели во Јунајтед.

Во март 2024 година, „Билд“, објави дека Санчо не сака да се врати во Манчестер јунајтед, но дошло до пресврт. Очигледно Санчо ќе добие нова шанса да се докажа во славиот клуб.

Неговиот договор е со важност уште две години.

The post Санчо се врати од „егзил“, ќе доби нова шанса во Манчестер јунајтед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK