октомври 25, 2024

Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе.

МАКЕДОНИЈА
ВО ПОНЕДЕЛНИК
„Повредата на бебето е настаната при земање крв за анализи“: Комисија ќе го истражува случајот на Детска клиника
Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе.

13. Јули 2024. @ 18:31
1 мин. читање
Сподели
Facebook
Twitter
Email
„Повредата на бебето е настаната при земање крв за анализи“: Комисија ќе го истражува случајот на Детска клиника
МИА
Директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека во тек е формирањето на комисијата која ќе го истражува случајот со тримесечното бебе за кое неговото семејство тврди дека е повредено на Детската клиника.

-Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, вели Мемеди за МИА.

Како што посочува, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.

Најавува дека комисијата ќе се состане во понеделник и ќе ги разгледа сите аспекти и дека ќе биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.

Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK