октомври 25, 2024

Англија и Шпанија вечерва од 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин ќе го играат финалето на Европското првенство.

Шпанците ќе се обидат да ја освојат четвртата европска титула со која би ги прескокнале Германците на вечната листа и би останале сами на врвот, додека Англичаните се борат за првиот европски трофеј.

Натпреварот за шпански „Мундо Депортиво“ го најави легендарниот англиски напаѓач и најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни.

Англичанецот статусот ѕвезда го стекна на Европското првенство пред 20 години во Португалија и сега како главни закани за Англичаните издвои двајца млади шпански крилни играчи:

„Ламине Јамал ме потсетува каков бев јас на ЕУРО 2004, тинејџер кој игра брилијантно. Нико Вилијамс е исклучителен, ме потсетува на Кристијано Роналдо кога беше млад. Тој е поголемо момче, ја зема топката и понекогаш премногу се труди и сака сè одеднаш, но обично носи правилни одлуки. Тој е неверојатна закана во ситуации еден на еден, а исто така постигнува голови.

Англија ќе треба добро да се брани по крилните позиции против Шпанија бидејќи двете млади крила се нивната главна закана. Англија мора да биде многу внимателна“, рече Руни.

The post Руни: Двајца играчи на Шпанија ме потсетуваат на мене и на Роналдо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK