октомври 25, 2024

Стивен Мур, висок советник на кампањата на Доналд Трамп, зборуваше за Би-Би-Си за обидот за атентат врз Трамп.

-На снимката изгледаше како куршумумот само да го изгреба, но она што сите нас толку многу не плаши е дека ако тој куршум беше еден сантиметар поблиску, ова ќе беше убиство – рече тој.

-Секако на Трамп му треба поголема заштита и прашање е дали Тајната служба била целосно подготвена –  додаде тој.

Нападот врз Трамп покрена прашања за тоа како републиканскиот претседателски кандидат беше заштитен во кампањата и што ги предизвика очигледните безбедносни пропусти на митингот во Батлер, Пенсилванија.

Најмалку едно лице рече дека неуспешно се обидело да ги извести полицијата и американската тајна служба за наводниот снајперист кој се качил на покривот на зграда на помалку од 200 метри од местото каде што се одржувал собирот

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK