октомври 25, 2024

На мое големо задоволство, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го означивме почетокот на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.

Ова е проект кој е ветуван триесетина години и благодарение на посветеноста на оваа локална власт конечно излезе на виделина. Се работи за инвестиција која значително ќе ги подобри условите за спортување за најмладите, спортистите и за сите жители од ова населено место.

Современиот спортски објект во селото Лескоец ќе се протега на 592 м2 и вклучува повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ги задоволува потребите на учениците од училиштето. Вредноста на оваа инвестиција е околу 30 милиони денари, од кои 20 милиони се обезбедени од државниот буџет, а 10 милиони денари од буџетот на Општина Охрид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK