октомври 25, 2024

Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“ Чедо Радомировиќ вечерва е пронајден тешко повреден покрај автомобил во близина на скопското село Орман.

Во моментов се истражува дали станува збор за обид за убиство или самоубиство.

Инаку, бизнисменот Чедо Радомировиќ во минатото беше сопственик на сега веќе пропаднатата „Радо банка“, а во 2005 година беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на десет даночни затајувачи.

Контроверзниот бизнисмен беше познат по тоа што беше прилично близок со ВМРО-ДПМНЕ и беше поранешен сопственик на Радо Банка која заврши во стечај и ликвидација а во негова сопственост беше и градежната фирма Македонија инвест.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK