октомври 25, 2024

МВР денеска објави снимки и информација дека тројца полицајци се гонат затоа што на возач наместо да му пишат казна за сообраќаен прекршок му побарале да им купи освежување од блискиот маркет во центарот на Скопје.

На снимките се гледа како момче купува повеќе производи од маркет и потоа ги носи и им ги дава на полицајците во полициско комби на улица Даме Груев во Скопје. МВР им пиша кривични пријави за „примање поткуп“.

Инцидентот се случил на 4-ти јули, а осомничените полицајци се вработени во полициската станица Центар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK