октомври 25, 2024

Денес во кругот на полициската станица во Штип во службено возило „шкода јети“ е пронајдена дрога.
.

-Денес околу 13 часот во кругот на полициската станица- Штип во возило „шкода јети“, сопственост на МВР од страна на вработените во Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје се пронајдени две паковки со грутчеста материја. За настанот е известено ОЈО Штип и по комлетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат за ММС.

МВР ја потврди информацијата на ММС дека денес е пронајдена дрога во службено возило „шкода јети“ во дворот на полициската стануца.

Но, од МВР велат дека пронајдената дрога постои можност да е од приведени лица во текот на викендот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK