октомври 25, 2024

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска прекин во електричната енергија ќе имаат делови од општина Гази Баба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат селата Страчинци, Виниче, Булачани и дел од Црешево. 

Поради дефект, без вода денеска ќе останат неколку објекти кај Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“- Скопје, како и претпријатието, информираат од „Водовод и канализација“ – Скопје.

Вода за пиење ќе немаат кафаната „Балканика“, приватната градинка и неколку куќи позади објектот на претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7.30 часот до завршување на работните активности.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK