октомври 25, 2024

Министерството за правда со голема внимателност ги следи сите случаи за кои се бара екстрадиција, вклучително и случајот со екс-премиерот Груевски и кога ќе се создаде можност за ново барање за екстрадиција, истото ќе биде поднесено, вели во разговор со Инфомакс министерот за правда, Игор Филков.

– Последното барање за екстрадиција е од 2019 година, за сите постапки за кои е распишана потерница. Барањето за екстрадиција за Никола Груевски е одбиено од Унгарија со образложеине дека на Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да се екстрадира во државата од која е дојдено. Министерството има и други барања за екстрадиција и сите се следат. И овој случај се следи многу внимателно и кога ќе се создадат услови секако дека ќе побараме барање за екстрадиција, но не тенденциозно кон одредено лице, туку се бара екстрадиција за сите кои се надвор од државата, објасни министерот за правда.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK