септември 22, 2024

После пет победи во серија се најде јунак за да го запре залетаниот премиерлигашки лидер Арсенал, па Њукасл вечерва на „Емирати“ успеа без примен гол и со бод во рака (0-0) да им одолее на „топчиите“, па да му даде нова шанса на првакот Манчестер сити да се приближи до првопласираниот тим.

Арсенал последен пат се сопна на 23 октомври кога ремизираше неочекувано 1-1 со последниот Саутемптон, а оттогаш поминаа повеќе од два месеци вклучително и повеќе од месец пауза поради СП во Катар. Вечерва ја немаше убоитоста на Арсенал, иако статистички доминираа на мечот, имаа убедлив посед (66 отсто), повеќе шутеви (четири во гол од 16 наспроти само еден во рамките на Њукасл).

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK