октомври 25, 2024

Како синдикат на сите вработени во културата шокирани сме од наративот на Министерката за финансии, кој во ништо не се разликува од наративот на нејзините претходници. Ваквите паушални изјави за висината на платите во културата, кои ѝ се достапни на Министерката за финансии не се ништо повеќе од обични манипулации, кога сакаат да се нападнат вработените во културата, а дел од останатите вработени во јавниот сектор да се прикажат какао жртви.

Само како пример ќе кажеме 70 000 плата има Кустос со највисоко стручно звање во заштитата – советник и над 25 години работен стаж. Првенци и вработени со највисоко стручно звање во заштитата не се повеќе од 50 во цела култура.

Во иднина новата влада нека ја погледне висината на минималната потрошувачка кошничка, која во моментов изнесува 60 000 денари и нека ги спроведе ветувањата за пристоен живот и европски стандард на сите.

Најбогатиот Африканец: Имам само две куќи, ниедна не е во странство
Илон Маск дефинитивно го преместува седиштето на Х од Калифорнија во Тексас
ГТЦ се распаѓа, падна дел од плафонот
Синдикатот на вработени во културата се спротивстави јавно на министерката за финансии – го бараат ресорниот министер да се јави
Бајден го откри условот за негово повлекување од претседателската трка
СДСМ им нуди бесплатна правна помош на сите оштетени од грубата партизација на ВМРО-ДПМНЕ
Д-р Џиковски нов директор на Kлиниката за торакална и васкуларна хирургија
(Видео) Новата влада со ребаланс на буџетот успеа да обезбеди повеќе пари за пензии, плати и за бизнисите
Ефектите од унгарскиот заем се многу важни за општините и за биснис секторот
Мисајловски на средби со Дрекслер, Бомгартнер и Ќехаја
Министерот за дипломатија блокира броеви на новинари и одбива да комуницира

Маргинализирањето на вработените во културата како небитни во целиот јавен сектор, укажува на непознавање на функционирање на институциите во културата и дали тоа во иднина би довело до негрижа за културното наследство и афирмација на културата во државата и надвор од неа.

Во држава во која над 30 години се вработуваат партиски членови, во држава во која и националната припадност е работно место, држава во која се измислуваат институции, агенции со цел некои да имаат огромни плати, некому му пречи најмалиот, но и тоа како значаен сектор. Нападнат идентитет на држава, нападната култура, се брани токму со култура. Не може да браниме национален идентитет зборувајќи за високи плати во културата.

Го повикуваме Министерот за култура да застане зад својот сектор во кој до вчера беше дел, да работи на решавање на проблемите во културата и ако постојат поединци, кои според Министерката за финансии не работат и не се грижат да ги наплатат своите приходи, да не дозволи тие да бидат сликата на останатите вработени во културата.

#платитевокултуратанесевисокинанаставницитесениски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK