октомври 25, 2024

Исто како косата и кожата, ноктите со текот на времето се менуваат. Ноктите се создадени од протеин познат како алфа-кератин кој делува како полимер за да овозможи заштитен слој за кожата под нив.

 

 

 

 

Што се всушност белите дамки на ноктите?

 

„Белите дамки на ноктите обично се знак на оштетување на ноктите поврзано со сувост или траума“, вели д-р Пол Џерод Френк, козметички дерматолог во Њујорк и автор на книгата „The Pro-Aging Playbook“.

 

Луѓето кои ги гризат ноктите се склони да добиваат бели траги, заедно со оние кои често добиваат маникир. Многу ретко се појавуваат поради недостиг на одредени минерали како цинк или калциум.

 

Белите дамки можат да бидат предизвикани и од наследен ген, додека во друг случај можат да укажуваат на габична инфекција или алергиска реакција од акрилни или гел маникири.

 

„Габите на ноктите може да се појават кога ги изложувате ноктите на топло, влажно опкружување, а и бактериите и габите може да влезат во текот на потсекување нокти, особено ако инструментите не се стерилни“, вели д-р Френк.

 

Како да се ослободите од нив?

 

Ако белите дамки се резултат од повреда, докторот советува да ги оставете ноктите да пораснат.

 

„Ако станува збор за алергиска реакција, избегнувајте го алергенот што ја предизвикува реакцијата“, вели тој.

 

Исто така, добро е да јадете храна богата со витамини, минерали и есенцијални масни киселини. Тоа вклучува лосос, јајца, зелена салата, немасно месо и слично.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK