октомври 25, 2024

Тренерот на кошаркарите на Панатинаикос, Ергин Атаман, смета дека Бостон Селтикс претенциозно се нарекуваат светски шампиони. Селтикс пред 45 дена ја освоија титулата во НБА, додека Панатинаикос во мај триумфираше на завршниот турнир во Евролигата.

Помеѓу љубителите на кошарката отсекогаш имало полемики дали победникот на НБА лигата е навистина најдобриот тим во светот и дали има право да се нарекува така, како што неодамна направија Бостон Селтикс.

Тренерот на „зелените“ од Атина, Ергин Атаман, имаше што да им каже на Селтикси на оваа тема.

„Ако Селтикси сакаат да бидат светски шампиони, ќе мора да дојдат кај нас и да не победат во ОАКА Арената“, изјави турскиот тренер за „Рафине ТВ“.

The post „Кога ќе го победите Панатинаикос тогаш ќе бидете светски шампиони“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK