септември 22, 2024

Празниците полека привршуваат, а Вие имате остатоци од храна со кои што не знаете што да направите? Или пак едноставно после јадењето едно исто јадење речиси секој ден, конечно Ви здодеа од него и не знаете што да правите со она што Ви останало.

Наместо да фрлате храна, искористете ги таканаречените leftovers. Лесно претворете ги во нешто изненадувачки вкусно и неодоливо како овие сендвичи.

Во мојот фрижидер остана парче свинско месо од превкусниот бут со глазура од мед, кој го приготвив за Божиќ. Истовремено ми остана и малку руска салата. Ова несомнено се малку состојки за да направам нов ручек за моето семејство. Но се сосема доволни за да ги претворам во сочни сендвичи. За овие сендвичи ќе Ви бидат потребни лепчиња, сенф, малку месо, руска салата како и неколку свежи состојки. Доколку располагате со други остатоци од храна, пуштете ја имагинацијата да си го направи своето и креирајте своја верзија на сендвич. Сè е дозволено
Најубавото нешто во подготвувањето на нова храна од она што Ви останало од претходната е тоа што може да правите најразлични комбинации. Секој пат да создавате нешто поинакво, а воедно да бидете супер економични бидејќи искористувате се што имате.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK