октомври 24, 2024

На ден 25.07.2024 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Настанот ќе се одбележи со музичко забавна програма со настап на македонските пејачи Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, како и настап на музичкиот хор на Здружението на пензионери „Илинден“. Во рамки на одбележувањето на настанот му претходи и крводарителска акција која ќе се одржи на 24.07.2024 (среда) во галеријата на Дом на култура „Илинден“ од 10:00 до 14:00 часот.

Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.


The post Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник “Илинден 2-ри Август“ со настап на Андријана Јаневска и Александар Тарабунов appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK