октомври 24, 2024

Синоќа (петок, 19.07.2024), на храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, им доделив благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ненад Дубљевиќ капетан – прв пилот на хеликоптер Бел 412 во Воено Воздухопловство на Црна Гора кој неколку дена дејствува врз пожарите низ Македонија разговараше со Ангелов при што на македонски јазик кажа дека најголем проблем се пожарите во високите борови шуми

Дубљевиќ откри дека учел и живеел во Македонија, затоа зборува македонски јазик, а и неговата сопруга е Македонка.

Мајор Новаковиќ Бранимир пилот на КАМОВ КА32 (ЦРВЕНИОТ ЅВЕР) од Мнистерството за внатрешни работи на Република Србија исто така разговараше со Ангелов и објасни детали за рускиот хеликоптер КАМОВ КА32 кој Србија го прати на помош во Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK