октомври 24, 2024

Амбасадорот на Република Турција (Туркије), Фатих Улусој, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

Графоначалникот Пецаков на средбата со Н.Е. разговараше за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата. Го информирав амбасадорот дека од година во година се зголемува бројот на турски туристи кои го посетуваат Охрид со надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина.

Во фокус на средбата беше и можноста за воведување на сезонска авио линија од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ која би дала значителен придонес во туристичката соработка, подобрување на условите за патување и поврзување на двете пријателски држави.

Раговаравме и за можностите за инвестирање во туристичкиот сектор на Охридското крајбрежје како и за условите за странските инвеститори во делот на стопанството. Тема на средбата беа и приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи Општина Охрид како и потенцијалите за соработка во делот на образованието.

Заедно со амбасадорот Улусој ја потенциравме и важноста на културната размена и можноста за гостување на турски уметници за фестивалот Охридско Лето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK