октомври 24, 2024

Кејт Мидлтон воодушеви со својот аутфит на Вимблдон, а за тоа се уште се зборува. Сега централна тема се нејзините едноставни, но префинети обетки. Овие обетки се производ на британскиот бренд „By Pariah“. Изработени се од сребро со позлата од 14 карати. Овие обетки се распродадени со брзина на светлината и моментално се достапни само со претходна нарачка, а цената им е 726 евра.

Златото и среброто што се користат при изработката на обетките се рециклираат. Обетките се со клип, односно не треба да имате дупчињ на уште за да ги носите.

„By Pariah“ е британски  бренд за накит кој комбинира богати органски материјали и традиционални техники на производство. Името на брендот е инспирирано од напис во National Geographic, кој ги опишува деловите на Парија на Карибите како последна граница на природна убавина.

Секое парче накит е направено од 100% рециклирано 14-каратно злато или сребро и природни, необработени скапоцени и полускапоцени камења.

The post Обетките со кои Кејт Мидлтон се појави на Вимблдон се распродадени со брзина на светлината appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK