октомври 24, 2024

Фудбалскиот клуб Барселона ќе мора да го намали својот ростер за да може да регистрира засилувања во летниот преоден рок.

Изминатите три сезони, во овој период, главна тема во Каталонија дали Барселона ќе го испочитува финансискиот фер-плеј за да може да ги регистрира засилувањата.

Денеска беше откриено дека Ханси Флик го пречкртал Иниго Мартинез, кој не е ниту пријавен за Ла Лига, а по само една година би можел да го напушти клубот без обештетување.

Искусниот стопер минатото лето пристигна како слободен играч, имаше проблеми со повредите и не играше многи. Тој не е единствениот кого Флик го отпишал, бидејќи очекувано тренерот не смета ниту на Клемен Ленгле. Францускиот фудбалер се врати од позајмицата од Астон Вила, има огромна плата и Барса сака на секој начин да се ослободи од него, не е исклучен раскин на договорот.

Се очекува во ротација да влезе младиот Микаил Фаје, од вториот тим на Барселона, кој експлодираше и го импресионираше Флик на тренинзите.

Покрај Мартинез и Ленгле, се очекува да биде пречкртан и младиот напаѓач Витор Роке, чиј број 19 наредната сезона ќе го носи Ламин Јамал. Роке ќе оди на на позајмица, иако не е исклучена продажба.

Тој во јануари пристигна за 40 милиони евра, а во игра се бројни бонуси, па ова е уште еден нелогичен трансфер од Барселона.

Ансу Фати исто така го импресионираше Флик и тој сака да му даде уште една шанса да се натпреварува со Роберт Левандовски или пак со Нико Вилијамс на левото крило, бидејќи се очекува тој да биде првото засилување на Барселона во летниот преоден рок.

The post Започна чистката во Барселона, Флик отпиша двајца дефанзивци appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK