Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на почетокот од годинава почна медиумска промоција во примарните туристички пазари за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам. Како што информира, активно се работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Турција. Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број странски туристи и остварени ноќевања е 30 отсто за првите 10 месеци од 2022 година.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во вториот дел од медиумската кампања, промоцијата ја насочи на електронски медиуми, односно 100 отсто онлајн рекламирање.
-Анализата за посетатана веб страницата www.northmacedonia-timelss.com ни дава информации за успешната реализација на онлајн промотивната кампања изминатиот период. Најпребарувани градови се Скопје, Охрид и регионот, активните форми на туризам, храна и вино, како и културните манифестации низ државава, наведува АППТ.
Претставувајќи го туристичкиот потенцијал на Северна Македонија на меѓународно ниво Агенцијата за туризам континуирано врши истражување на клучните атракции на Северна Македонија за гостите од различни пазари и зголемување на свесноста за целиот спектар на туристички атракции, преку рекламирање, постојани односи со јавност и ширење информации. Со цел успешно промовирање на туризмот на државава изготвени се истражувања за туристичките пазари врз основа на стандарди за истражување на таргетираните пазар, кои се користат за изготвување на план за медиумска кампања.
-Новите трендови кај потрошувачите создадоа нова туристичка реалност и нови туристички интереси. Всушност со враќањето на туризмот се сменија патувачите и долгите дестинации во големи групи се сведоа на помали групи кои патуваат со автомобил на кратки дестинации. Потребата од промени кои се неопходни, наметнува можности на кои ќе се прилагодиме и преку иновативната туристичка понуда ќе создадеме поволна клима за раст и развој на туризмот во државата. Отткука, се наметнува потребата од креативна иновативна дигитална туристичка понуда како важен старатешки фактор за создавање лојални туристи. Целта на маркетинг кампањатаа за 2023 година е преку промотивните активности да се придонесе кон поголема конкурентност и препознатливост на Северна Македонија како атрактивна туристичка дестинација, да се фокусираме на тоа што не прави диверзивни, различни, а е отсликано преку природата, историјата, културата и гастрономијата, наведува АППТ.
The post Медиумска промоција за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде