ноември 24, 2024

На Бадник на Градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи Божиќен концерт со Димитар Андоновски, Пере – Нокаут, како и хорот на Златното славјече, Антониа Гиговска и Ламбе Алабакоски кои ја отпеаја трета верзија на „Вечниот бог“.

Во 11 чаосот и 30 минути ќе биде оформена Бадниковата поворка, која преку Камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање. Бадникови поворки ќе се организираат и низ другите скопски општини и градови низ земјава. 

Водители на настанот ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Како што информираа од Здружението Бадникови повори, заврши снимањето на спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ отпеана од Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче. Режисер на видеото е Дејан Пројковски, диркетор на фотографија Горан Наумовски и камера и продукција на Стојан Стојановски.

The post Божиќен концерт на плоштадот во Скопје со Антониа, Ламбе, Златно славејче, Димитар и Пере appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK