ноември 24, 2024

Жерар Пике пред два месеци се прости од активниот фудбал, но веќе ја промени својата одлука.

Пике емотивно се прости од Барселона за која одигра 615 натпревари, а шпанските медиуми пишуваат дека тој сепак ќе ја продолжи кариерата.

Стоперот, кој на почетокот на февруари ќе наполни 36 години, треба да го облече дресот на шпанскиот второлигаш Андора, кој го поседува.

| BREAKING: Gerard Pique wants to come back from retirement to play for FC Andorra, the team he owns, although the financial restrictions and strict rules make it difficult. [@relevo] #fcblive pic.twitter.com/iZyuHgTwCC

— BarçaTimes (@BarcaTimes) January 3, 2023

Сепак, постојат две пречки за повторно да го видиме Пике на теренот. Еден е помал, а тоа е суспензија од четири натпревари што ја заработи на последниот натпревар во кариерата против Осасун.

Вториот е многу поголем, а тоа се финансиските ограничувања и правилата на Ла Лига. Имено, со заминувањето од Барселона, Пике се откажа од 30 милиони евра кои требаше да ги добие до летото 2024 година, а неговата плата може да биде проблем за Андора.

Финансиската комисија на Ла Лига треба да ги процени неговите примања, односно дали е реално второлигаш да може да му плати. Андора смее на играч да му дава најмногу седум милиони евра годишно, а според правилата на Ла Лига му дозволува упола помала плата од досегашната, па Пике треба да добие посебна дозвола.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK