Денеска (04.01.2023) во 15.30 часот на ул.„Беласица” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Е.(29) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
The post Приведен скопјанец за издржување на двегодишна затворска казна appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде