ноември 21, 2024

 Ерупција на вулканот Фуего во Гватемала вчера предизвика неколкучасовно затворање на главниот аеродром во земјата, соопштија локалните власти.

Фуего (Огнен) е висок 3.763 метри и се наоѓа на 35 километри од главниот град на Гватемала. Ерупцијата почна во саботата навечер.

Меѓународниот аеродром во главниот град беше затворен во текот на утрото, соопшти Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, додавајќи дека имало пепел во близина на пистата.

По тричасовниот прекин, аеродромот продолжи со работа бидејќи ветрот ја однел пепелта.

Во ерупцијата на овој вулкан во 2018 година загинаа 190 луѓе, а повеќе од 230 исчезнаа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK