април 16, 2026

Ден по натпреварот помеѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен, беше објавено дека Уго Екитике ја скинал Ахиловата тетива на десната нога. Ливерпул, оваа информација на медиумите ја потврди во четврток.

Ливерпул не објави ништо додека не беа извршени сите потребни проверки, но веста не е ништо подобра од онаа што во средата ја пласираа медиумите.

Уго Екитике има скината Ахилова тетива на десната нога, потврдија прегледите и скенерот, велат од Ливерпул.

„Поради ова, Екитике ќе биде надвор од теренот во преостанатите недели од клупската сезона, а нема да може да игра ниту на Светското првенство“, се додава во соопштението од клубот од „Енфилд“.

Клубот наведува дека вестите за закрепнувањето ќе бидат објавени во соодветно време, како и дека играчот има целосна поддршка од сите.

На социјалните мрежи, Ливерпул објави фотографија од Екитике со пораката:

„Сите сме со тебе, Уго“.

Екитике најверојатно нема да биде на теренот до јануари 2027 година.

Share

The post Ливерпул потврди, Екитике ќе отсуствува до јануари 2027 година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK