октомври 22, 2024

Тројца пожарникари завршиле во болница при вчерашните интервенции за гаснење на пожарите кои беснеат во Македонија.

МВР информира дека вчера во 13.45 часот од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ѓ.(38) од Штип – пожарникар од Територијалната противпожарна единица Штип.

Според пријавеното, тој вдишал чад при гаснење на пожар во штипско.

– Вечерта во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во с.Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, при што двајца пожарникари се здобиле со повреди, информираат од МВР.

Од Итна медицинска помош им била укажана помош, по биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK