Министерството за надворешни работи на Полска соопшти дека добиле одговор дека „приказната е завршена“ во врска со бараната воена отштета од Германија.
„Според наводите на германската Влада, прашањето за компензација и надомест за воените загуби е затворено и германската Влада нема намера да влегува во преговори за ова прашање. Полска ќе продолжи со напорите да ја надомести штетата предизвикана од германската агресија и окупација од 1939 до 1945 година“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Полска.
Полската Влада на 1 септември минатата година објави сеопфатен извештај во кој детално се наведуваат финансиските загуби што ги има претрпено Полска за време на Втората светска војна, за што од Германија е побарано да плати 1,3 билиони евра отштета.
Министерството за надворешни работи на Полска на 3 октомври 2022 година испрати дипломатска нота до Германија со барање за отштета.
Следете не, не има насекаде