ноември 24, 2024
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Фатих Донмез, министер за енергетика и природни ресурси на Република Турција, на која, како што информираат, било изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка помеѓу двете земји, коишто се развиваат во духот на традиционалното пријателство и партнерство.

Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, соговорниците разговарале за состојбите и предизвиците во областа на енергетиката, предизвикани од војната во Украина, како и за справување со последиците врз економиите на државите, при што оцениле дека и покрај добрата економска соработка, двете држави треба да ја интензивираат и соработката на енергетски план, согласно движењата на политиките во светски и европски рамки.

Претседателот Пендаровски изразил очекување за финализирање на меморандумот за соработка во областа на енергетиката помеѓу двете држави, што ќе придонесе за зголемување на соработката, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата.

Претседателот Пендаровски упатил благодарност за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK