ноември 24, 2024

Македонските навивачи се гневни на потегот на Перо Антиќ кој на синоќешниот ракометен хуманитарен натпревар што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ се појави облечен во дуксер на Црвена ѕвезда.

„ДНО“ – беше кратката порака на Комити Скопје кои на нивниот инстаграм профил објавија фотографија од Антиќ во салата.

На нив се надоврзаа и популарните Сити Парк Бојс, навивачите на Работнички, клубот каде Перо Антиќ ја почна професионалната кариера.

„Македонски леб јаде за Звезда да навива… Тажна наша Македонијо“, порачаа Сити Парк Бојс, исто така со фотографија од Антиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK