Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија сака да изрази голема благодарност до сите луѓе кои застанаа и помогнаа, односно се обидоа да го изгаснат пожарот.
„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди и не вреди. И луѓето застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, се е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок, останатото е помалку или повеќе. Само полицијата и пожарникарите кои дојдоа по час и пол,” велат од семејството, додавајќи со шега: „Да, маж ми, шегата на страна… Полека излегувам од шок…“
Откако почнале да чувствуваат чад од вентилацијата, тие го запреле автомобилот и скокнале, што им ги спасило животите во оваа ситуација.
Им посакуваме брзо закрепнување од шокот и изразуваме огромна благодарност до сите кои застанаа да помогнат.
Следете не, не има насекаде