– Бугарската полиција во Пловдив денеска на автопатот „Тракија“ приведе 56 мигранти и двајца возачи, од кои едниот е полицаец.
Екипа на сообраќајната полиција која патролирала на автопатот „Тракија“ ја алармирала оперативната дежурна единица на подрачната управа за сомнителен минибус што сообраќал кон Софија. Откако возилото било запрено, во него била пронајдена група од 25 млади момчиња без лични документи. Се пријавиле како државјани на Авганистан, а уапсен е и возач од Харманли.
Во слична акција на полицијата и на жандармеријата, беше запрен друг автобус што се движел кон Софија и по претрес, биле пронајдени 31 мигрант, кои исто така се претставиле како авганистански државјани. Возачот кој е вработен во МВР на Бугарија е уапсен и поведена е истрага.
Следете не, не има насекаде