ноември 24, 2024

Еве го тајниот трик со кој секој може да изгуби 4 кг дневно
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Скопје со појава на магла или ниска облачност, која преку денот се очекува делумно да се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура во земјава ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени, а во Скопје минималната ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 4 степени.
– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне сеуште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, велат од УХМР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK