Милијана Рељиќ, македонската репрезентативка во таеквондо се пласира во четвртфиналето на Олимписките игри.
Рељиќ во три рунди ја елиминира треторангираната во категоријата до 57 килограми, Британката Џејд Џонс. Џонс е двократна олимписка шампионка од 2012 и 2016 година, светска првенка од 2019 година и трикратна европска шампионка.
За место во полуфиналето, Рељиќ ќе се бори со Латиција Аун од Либан. Борбата ќе биде попладнево, нешто по 15 часот.
The post Рељиќ се пласира во четвртфиналето на ОИ во Париз appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде