октомври 30, 2024

На 07.08.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово, полномошник на правно лице од велешко пријавил дека бил измамен од лице од Гостивар, сопственик на правно лице од Гостивар.

Според пријавеното, пред четири месеци во Тетово се договориле со гостиварецот да му  продаде три товарни возила за цена од 70.000 евра.

Како што е пријавено, откако се договориле тој му уплатил 30.000 евра и ги зел возилата, а останатиот износ требало да го плати во рок од 10 дена, но до пријавувањето не ја исплатил целата сума.

Исто така, според пријавеното, тој побарал гостиварецот да му ги врати возилата и на неговата сметка му ги вратил парите, но гостиварецот одбивал да му ги врати возилата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK