септември 22, 2024

Српскиот пејач на народна музика Зоран Калезиќ почина на 73-годишна возраст. Тој повеќе од една година се бореше со ракот на белите дробови.

Минатата година, во ноември, тој собра пријатели на кои сакаше да им се заблагодари за поддршката. Шукрија Жути Серхатлиќ во име на ПАМ му врачи награда за исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на музичката уметност на Црна Гора, а од куќата од која потекнува КИЦ Будо Томовиќ (Дом омладине) благодарница за неговиот голем придонес за развојот на ансамблот и зачувувањето на традициите на Подгорица и Црна Гора.

Во едно од последните интервјуа Калезиќ се присети на својот кум Тома Здравковиќ.

„Сега полека тргнав на пат кај мојот кум Тома. Наскоро ќе се сретнеме, но дотогаш имам што да направам. Го чекам концертот во Домот на синдикати за уште еднаш да ги слушнам нотите кои ги враќаат сите органи на своето вистинско место. Сите тие луѓе треба да ги видам уште еднаш во публиката“, изјави неодамна Калезиќ.

Тој во медиумите зборуваше и за неговата борба со болеста.

„Најнепријатното нешто за мене во Никшиќ е кога одам во болница каде примам хемотерапија и ги гледам луѓето кои чекаат исто како мене. По извесно време, го замолив докторот да не ме вика преку ред. Јас се срамам. И тие сакаат да ми помогнат. Луѓето што чекаат ми велат да влезам слободно. И никој не се лути. Колку е убава награда за живот е кога сите се љубезни“, изјавил Калезиќ.

Зоран Калезиќ е роден на 1 февруари 1950 година во Даниловград. Во текот на својата повеќедецениска кариера, тој продадл повеќе од 15 милиони аудио носачи на звук.

The post Почина српскиот пејач на народна музика Зоран Калезиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK