септември 22, 2024

Дваесет и тригодишното момче кое беше најдено мртво во фирма на булеварот „Србија” во Скопје починало како последица од пад на лифт за транспорт на роба. Според информации на МКД.мк за сега случајот се води како несреќа. Од Обвинителството во врска со настанот ни одговорија дека издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за, како што велат од таму, несреќата. На местото на настанот бил повикан и Државниот инспекторат за труд кој треба да ја провери исправноста на лифтот.

„Надлежен јавен обвинител веднаш по настанот издаде повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. Освен издадената наредба за обдукција на починатиот, повикан е Државниот инспекторат за труд да изврши детална контрола на работењето на фирмата, како и техничка инспекција да ја провери исправноста на лифтот. Доколку при проверките од соодветните институции биде утврдена кривична одговорност, тие своите извештаи ќе ги достават на надлежно постапување на јавното обвинителство”, стои во одговорот од Обвинителството до МКД.мк.

Од таму велат дека до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена кривична пријава за настанот, а првичните сознанија од извршениот увид на лице место упатуваат дека се работи за несреќен случај предизвикан од несоодветна употреба на лифт кој не е наменет за пренос на луѓе.

Информациите кои на 21 декември, лани беа објавени според официјални податоци на МВР беа дека дваесет и тригодишното момче од Скопје е пронајдено мртво во фирма на булеварот „Србија”.

Итната медицинска помош во 12:30 добила повик дека момчето било починато. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен јавен обвинител.

Обвинителството, според доказите кои се чекаат од издадените наредби за вештачења треба да утврди дали овој случај ќе биде затворен како несреќа или ќе има кривична одговорност.

The post Лифт го убил 23-годишното момче најдено мртво во фирма во Скопје appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK