Карим Бензема е прогласен за најдобар спортист за 2022 година во Франција.
Од 24 ноември до 31 декември, спортските новинари гласаа за најдобрите француски спортисти за 2022 година како дел од наградата UJSF. Наградата беше доделена за прв пат. Во гласањето учествуваа 3.000 членови на Унијата на спортски новинари на Франција.
Кај мажите, Карим Бензема беше прогласен за најдобар спортист на годината, кој со Реал Мадрид ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите и стана сопственик на Златната топка во 2022 година.
Напаѓачот на ПСЖ и Франција, Килијан Мбапе заврши на второто место.
Кај жените првото место го зазеде тенисерката Каролин Гарсија, втора е велосипедистката Полин Феран-Превост.
Следете не, не има насекаде