мај 12, 2026

Општина Крива Паланка организира концерт на македонската пејачка Наташа Малинкова кој ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад, на 16 август (петок), со почеток во 20,00 часот.

Настапот на една од најатрактивните и најталентираните пејачки на македонската поп сцена е дел од богатата програма на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Се очекува концертот на енергичната Наташа Малинкова да донесе уште една музичка вечер исполнета со незаборавни хитови што ја привлекуваат бројната публика.


The post Концерт на Наташа Малинкова во Крива Паланка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK