мај 12, 2026

Денеска ги посетив екипите кои на терен вложуваат надчовечки напор во борбата со огнената стихија на Галичица.

Извршив обиколка на теренот каде се прават земјени појаси за да се спречи понатамошно ширење.

Состојбата е стабилна, а во моментов повеќе од 100 пожарникари од ТППЕ Охрид, вработени во Националниот парк “Галичица “, ДСЗ, ЦУК, членови на планинската служба за спасување, волонтери и други, продолжуваат со активностите за гасење.

Заедно со Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да ги обезбедуваме потребните средства.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK