мај 12, 2026

На местото викано Бриставец, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Маздрача при Регионалниот центар за гранични работи Север, заедно со мотопатролна служба на Националниот парк „Шар Планина“ ги привеле В.Б. (38), Б.Н. (56), К.Н. (28) и А.Б. (64), сите од Република Албанија, поради сторен прекршок по член 104 од Законот за заштита на природата и илегално преминување на државната граница помеѓу Албанија и Македонија.

Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови. Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK