мај 12, 2026

Четири случаи на насилство врз малолетници во Скопје се регистрирани во полицискиот дневен билтен.

Вчера во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(51) од Скопје пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

И вториот случај е поврзан со насилство во скопската населба Аеродром, кога И.М.(38) од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат.

Во Карпош, В.А.(45) од Скопје пријавила дека пријавила дека претходната вечер во станбена зграда на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.М. од Скопје.

Х.Д.(30) од Скопје пријавил дека во градинка на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

МВР презема мерки за расчистување на случаите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK