мај 12, 2026

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, се наоѓа во голгетерска форма на почетокот на сезоната. Откако во минатото коло, во 96.минута го спаси Динамо од пораз во Осиек, вечерва постигна гол против Шибеник.

Ристовски во раната фаза на натпреварот го отвори резултатот. Во шестата минута од работ на шеснаесетникот постигна спектакуларен гол. Подоцна и Шпикиќ постигна гол.

Проблем за Динамо, кој наредната недела ќе игра против Карабаг во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите е повредата на Аријан Адеми.

Адеми теренот го напушти во 40.минута.

The post (Видео) „Торпедото“ на Ристовски ја скина мрежата на Шибеник appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK