Дезир Дуе потпиша договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната 2027/28.
Тинејџерот (19), кој покрива неколку позиции во нападот и најчесто игра на позицијата лево крило, е втората најголема продажба во историјата на Рен. ПСЖ плати 50 милиони евра за неговиот трансфер.
Дуе одигра 76 натпревари за Рен, постигна осум гола и забележа седум асистенции.
Беше дел од француската репрезентација која го освои второто место на Олимписките игри во Париз.
The post ПСЖ купи тинејџер од Рен за 50 милиони евра appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
