мај 12, 2026

Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци води повеќемесечна борба со тумор. Неговиот колега, Стефан Лазаров,  повика на хуманост и донирање за да се спаси неговиот живот.

Потребни се 15.000 евра.

„Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја.

Зоки има 25cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.

Затоа мои добри луѓе , ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее , да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција.

На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, напиша Лазаров.

The post Стефан Лазаров со апел за донации за Зоки Фаци: „Не можам да седам и да гледам како пријателот ми умира“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK