мај 12, 2026

Љубителите на кошарката на Филипините беа сведоци на потенцијално историски момент за овој спортот во натпревар од елитната лига.

Претходната вечер таму беше постигната првата „четворка“ во историјата на кошарката, однодно беше постигнат кош кој вреди четири поени.

Челниците на натпреварувањето на Филипините, првпат сезонава во правилата го воведоа шутот за четири поени.

Во историјата се запиша Американецот Крис Банчеро, кој упати удар од далечина од 8,23 метри и погоди. Во спортската историја тој влегува како првиот кошаркар кој официјално постигнал четири поени од еден шут.

Тој настапува за тимот на Мералко Болтс кој играше против Магнолија во „Купот на Гувернерот“.

Идејата за шут од четири поени се роди пред неколку години, дискусиите на највисокото ниво на кошарка траеја долго, но до сега никој не се осмели да ја спроведе новината во својата лига.

Филипинците се први, а можеби по нивниот пат ќе тргнат и другите лиги во светот.

FROM WAYYYY DOWNTOWN

Meralco’s Chris Banchero makes the first 4-point shot against Magnolia in the PBA Season 49 Governors’ Cup!#PBASeason49 #PBAAngatAngLaban pic.twitter.com/UVDNlBHSSO

— One Sports (@OneSportsPHL) August 18, 2024

The post (Видео) Постигната првата „четворка“ во историјата на кошарката appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK