Ракометната репрезентација на Холандија е еден од противниците на Македонија на претстојното Светско првенство во Полска и во Шведска, а во служба на што подобра форма вечерва одигра против актуелниот олимписки шампион Франција.
„Триколорите“ убедливо ги прегазија „лалињата“ со 43-32, меѓутоа конечниот резултат не го раскажува развојот на натпреварот. Холандија беше повеќе од солидна во првото полувреме кое го загуби само со 18-19. Иако голманот Равенсберген беше на ниво, сепак се играше брзо и со многу голови до паузата.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Сепак, во вториот дел портогаловите не можеа да ја следат разорната моќ на Франција и заостанаа значително. Колку и да не е пресуден подготвителниот период, овој меч покажа дека Холанѓаните можат да се носат со најдобрите на светот, но и дека немаат капацитет за врвно ниво 60 минути.